Изјавата на Румен Радев дека Бугарија е во состојба на вето поради тоа што Бугарите не се вклучени во Уставот на државава е потврда на тоа што го зборувавме, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање.

„Креаторот на спорот е владата на СДС, затоа што пред шест години немаше спор со Бугарија. Ковачевски се уште не одговара дали уставните измени се последното барање од Бугарија за прекин на блокадата“, кажа Митева.

Таа посочи дека „тоа е така затоа што апетитите на Бугарија во налет на неспособната и криминална влада на СДС се се поголеми“.

„Од друга страна Бугарија со ваквите чекори го загрозува пријателството“, заклучи Митева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.