Денес граѓаните беа сведоци на лицемерието на Димитар Ковачевски. Обидувајќи се да глуми жртва и човек паднат од небото, не успеа да ја сокрие неговата неспособност. Никој, буквално никој повеќе не верува во неговите наводни грижи за проблемите, реагира портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, коментирајќи ја изјавата на премиерот дека не се направило доволно за да се спаси животот на Благојче Илиевски, кој почина чекајќи го ветениот лек.

Додека Ковачевски секој ден спиел по некој час повеќе, во Македонија згаснува по еден млад човечки живот.

Дали Димитар Ковачевски чекаше да изгубиме млад човечки живот за да глуми лицемерен душегрижник и сега веднаш да почне да се грижи за луѓето болни од цистична фиброза.

Главното прашање е што правеше Димитар Ковачевски веќе два месеци откако болните од цистична фиброза и нивните фамилии беа пред Владата на протест, со барања за помош при набавката на потребниот лек кои за нив живот значи.

Многу задоцнето е глумењето на грижа и каење. Наместо денес да барал од министерот Сали одговорност, Ковачевски веќе требаше тој самиот откако најрано во неговиот живот станал од спиење, да ја изготви неговата оставка, и сите граѓани да се спасат од оваа неспособност, вели Митева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.