Во Македонија го држат и разараат ФФМ, во Албанија навиваат за национален тим, пишува Ивор Мицковски на својот фејсбук профил.

На репрезентативен натпревар во кој било спорт во МК се немаат појавено.
Тоа се ДУИ, земјава им е хотел промаја, дистрибутер за пари, место каде да ти тече стаж.
Тревата е можеби позелена на теренот во Тирана, ама Груби и бандата зелембачите ги товарат во Скопје.

Претходно беше објавено дека и власт и опозиција од албанскиот блок во земјава синоќа ја прослави големата победа на Албанија над Чешка од 3-0 со која националниот тим на нашиот сосед се најде пред пласман на Европското првенство 2024.

Првиот вицепремиер во македонската Влада, Артан Груби го следеше натпреварот на стадионот „Ер Албанија“ заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, пратеникот Арбер Адеми и поранешниот прв човек на ФК Шкупи, Омер Буњаку кој сега е директор на албанскиот клуб Балкани. На трибините се најдоа и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и Изет Меџити, функционер на ДУИ кој се одметна и формираше нова албанска партија пред два месеци. Градоначалникот на Тетово пак, Билал Касами од Движењето БЕСА на социјалните мрежи споделуваше видеа од головите на Албанија и од плоштадот каде што граѓаните организирано го следеа фудбалскиот натпревар. Победата ја честиташе и претседателот на Алијанса за Албанците и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари кој сега е коалициски партнер во владата заедно со СДСМ и ДУИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.