Постои ли похибридна закана за државата од ДУИ?!, прашува на својот фејсбук профил Ивор Мицковски.
Од терористи до интегративци, менувачи на Устав, преживувачи на тендер-коалиции и режим.
Имаат институции и општини, пасишта, ниви, хидроцентрали, термоцентрали, сончеви колектори.
Имаат армија Рамковни и цела администрација гласачи, имаат фирми кои се редовни добивачи на тендери, имаат буџет, спроведуваат рекет.
Имаат криминал од Телеком до Бехтел и Енка, имаат вили во национални паркови, имаат институции кои служат како партиски, имаат ергели возила што државни, што општински, што приватни.
Имаат луѓе за дипломатија, луѓе за купување домашни фирми со странски капитал или за перење пари, преговараат за име без осет за мнозинството, сакаат да прават рудници на грб на локалното население, имаат глумци за отварање квази-фабрики.
Имаа касти и кланови, црн пазар на што и ќе посакаш, имаат интереси во Косово и Албанија за кои државата доаѓа на второ место.
Имаат цела власт со 11 пратеници, имаат де факто премиер, ги држат сите судови, они одлучуваат кој ќе биде претседател.
Има ли нешто што оваа мала група луѓе кои претставуваат еднакво отселен електорат како и Македонците, не држи под контрола и врз што не влијае, да не речам, што не го јаде, глода и исплукува.
Епа, кога си така моќен, а ситуацијата е вака тиња, ништо не се менува, а ти пак си на власт, односно – резултатот е секогаш ист, тогаш мора и да преземеш одговорност за своите перманентни срања.
Ова со други зборови те прави тоталитарен и хибриден терорист, пошто успешно и за своја корист, на милион начини и преку најразлични форми, тероризираш цела држава и огромно мнозинство на жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.