Па како не ти е срам, со таа лажна шишка пред сиромашен и погазен народ да продаваш вакви патетики, пишува на својот профил политичкиот аналитичар Ивор Мицковски до министерот за надворешни работи и кандидат за претседател на ДУИ Бујар Османи, кој се жалеше дека ако еден месец не земе плата, ќе мора да се задолжи да за преживее.

Полошо од пасив-агресивот на Вучиќ е овој плачипичкарски наратив на Бујар кој пред камери глумата прво напади, заговори и албанофобија, а сега и сиромаштија.
Па како не ти е срам, со таа лажна шишка пред сиромашен и погазен народ да продаваш вакви патетики.
Професорите од УКИМ немаат земено јануарска плата, ти ќе си се задолжувал ако не земеш плата, притоа зголемена за 80%.
600.000 луѓе живеаат на ивица на сиромаштија, а вие украдовте, изедовте или изгрицкавте милијарди евра од овој народ.
Овакви идиоти треба тотално медиумски да се игнорираат, пишува Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.