Они не можат едно достоинствено лого да направат, не па да ја одберат вистинската страна, коментира аналитичарот Ивор Мицковски за овогодинешното мото од Владата за прославата на 11 Октомври – Секогаш на вистинската страна.

Испратија честитки, се изнафрлаа флоскули за некаква обединетост, тоа што државата труе и се распаѓа од криминал и корупција и што Бугарите и нашите не негираат и понижуваат, никому ништо.
Слават ботови, платеници, владини функционери и конвертити, цела останата земја и народ се срами од државата и од мизеријата во која живее.
Не е ова слободата ни за која борците изгинаа, ниту па за која народот се жртвуваше против режимот.
Ова е ко логово, грда слика со која сме помирени, вели Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.