Во една недела:

Скандал со М-НАВ за упикување на партиски деца во контрола на летање и брукање пред Данска и цела ЕУ.

Одговорност никаква!

Скандал со издаден пасош и државјанство на баран Украинец, кој работел како дел од руска мрежа против САД и е под санкции.

Директорот на АНБ не чувствува никаква одговорност.

Скандал во ОЈО ГОКК: Исчезнале докази доставени од Европска институција за криминал во Македонија.

Работата ќе треба да оправа кадарот на ДУИ за чиј избор американската амбасадорка ги искара институциите и обвинителите.

Е тоа е оваа антинародна и антидржавна влада, кој до којега поголем дилетант или криминоген тип. Одговорност за ништо, уста пуна фалење со ЕУ, НАТО и нивната прозападност, а во суштина работат и против ЕУ и против НАТО, а највеќе против Македонија како правна држава, ослободена од ендемски криминал, корупција и клиентелизам.

Тотално отсуство на легитимитет има целата политичка елита, пишува Ивор Мицковски на својот фејсбук профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.