Нека објаснат овие отворениве од власта како ќе прават Отворен Балкан со Вучиќ и неговата воена камарила која на 30 км од наша граница создава ново воено стање?!, пишува на својот фејсбук профил Ивор Мицковски.
Како се продаваат за најпроевропска Влада и најамериканска инсталација еден ден, а друг ден ќе се сликаат со Вучиќ кој работи само во интерес на Москва.
Мора да заврши вашиот евтин популизам и овие петпарачки контрадикции.
Со Бугарија наместо да се смират страстите само го подигнавте нивото на тензија и континуирано го понижувате сопствениот народ.
Со Вучиќ пиете вино и се шетате цела Влада, додека народ тоне во инфлација и поскапувања.
Се фалите со храна и струја, храна која скапо ја увезуваме и струја која ќе ја платиме со загадување, болести и смрт.
Во многу самобендисан филм сте, кој мора да заврши што порано со болно освестување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.