Тоа што двајца генерални секретари на Влада се во судски процеси за корупција е лошо од една страна бидејќи тоа значи дека се работело лошо, но од друга страна е добро бидејќи покажува дека тоа е откриено и процесуирано т.е. не било прикриено, вели Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за Утрински брифинг.

Видовме договори за авторско дело но немаше авторско дело. Имаше и авторски дела, но тоа беше по исклучок. Очекувам да се напуштаат старите лоши практики од претходната влада кога ќе дојде нова. Проблем е тоа што сите функционери си прават мали влади од своите кабинети. Тоа се премногу луѓе што се носат во министерствата однадвор во услови кога има доволен број вработени во самите министерства, вели Ивановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.