Ние сме земја во којашто царуваат дивоградби, а тоа сè ни ја уништува животната средина, изјави Билјана Ивановска, претседателка на Антикорупциска комисија во интервју за Радио Слободна Европа.
Таа конкретно го посочи случајот со висококатниците кои почнаа да се градат кај Холидеј ин.
Во случајот за кај Холидеј ин има донесено Детален урбанистички план којшто не соодветствува со Генералниот урбанистички план, ги надминува параметрите, значи таму ќе имате, обично речено, пренаселеност. Ниту соодветен сообраќаен пристап, огромна пренаселеност, ниту соодветно зеленило. Го нацртаа зеленилото по балкони. Па таму ли ќе се шетаат луѓето, по тоа зеленило ли ќе се шетаат? Значи, сето тоа е надвор од умот, сè унакази и Скопје и Македонија и сè живо и диво, вели Ивановска.
Претходно Ивановска откри дека на улицата „Водњанска“ има дивоградба, а иако реагирале, објектот не се урива бидејќи сопственикот е познато лице и близок со високи функционери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.