Претседателката на Антикорупциската комиисија Билјана Ивановска, во гостување на Утринска на Телма рече дека очекува од новите министри да покажат транспаретна борба против корупцијата и да се откажат од своите привилегии.

Таа ги повика членовите на новата влада со личен пример да покажат дека не се само поддржувачи на декларативната борба против корупцијата.

Во своето гостување на ТВ Телма, Ивановска истакна дека носителите на јавните фунции треба да бидат свесни дека системот треба да функционира, без разлика дали се тие на чело или не.

Треба нормално да си функционира, да постои систем на вредности да го избираат најдобриот квалитет, а не да бидат тоа нивни блиски лица, без разлика дали се роднински или партиски. Треба да се обезбеди начин на избор на луѓе кои што ќе бидат најдобри за таа позиција. Прав човек на право место, оти луѓето го градат општеството, рече Ивановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.