Брисел е информиран и ги има забележано проблемите со кои се соочува Државната комисија за спречување на корупцијата, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат претседателката на оваа Комисија, Билјана Ивановска.

„Она што е кажано во Брисел, а забележано од нивна страна, е дека Извештајот за спроведување на националната стратегија за 2021 година сѐ уште не е разгледан на пленарна седница на Собранието, што не е добро, имајќи предвид дека на 31 март го доставивме Извештајот за 2022 година. Потоа, дека имаме низок степен на реализација на активностите, што за нив е многу загрижувачко. Ќе биде уште повеќе бидејќи за 2021 процентот беше 20%, сега е 10%. Тоа покажува дека самата држава, самите институции не се заинтересирани нешто да направат“, вели Ивановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.