Поранешниот претседател Ѓорге Иванов викендов учествуваше на Светскиот форум за демократија и мир 2024 „Обединети за напредување на развојот, демократијата и мирот низ светот“ во организација на Академијата за културна дипломатија од Берлин, Германија.
Како што соопштија денеска од неговиот кабинет, настанот се одржа во германскиот главен град во периодот од 26 до 28 јули 2024 година со цел да обезбеди неутрална платформа за развој и унапредување на демократијата, со интензивна агенда на предавања, дискусии, дебати и културни активности фокусирани на напредување на развојот, демократијата и мирот низ светот.
Во своето обраќање „Ненаучени лекции за демократијата и мирот“ Иванов, се наведува во соопштението, ги посочи причините за кризите на современите демократии и причините за отсуство на мирното решавање на кризите и воените конфликти во светот денес.
На Светскиот форум за демократија и мир 2024 учествуваа реномирани личности од меѓународната политика и академијата, дипломатски и политички претставници, научници, академици и млади професионалци. Меѓу учесниците беа Емил Константинеску, поранешниот претседател на Романија (1996-2000); Младен Иваниќ, поранешниот претседавач на Претседателството на Босна и Херцеговина (2014-2015 и 2016-2017); Кетрин Ештон, поранешната висока претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика (2009-2014) и прв потпретседател на Европската комисија (2010-2014); поранешната премиерка на Молдавија, Наталија Гаврилита (2021-2022); Софија Вултепси, заменик министер за миграција и азил задолжен за интеграција на Грција; Мохамад Ханиф Атмар, поранешен министер за надворешни работи на Авганистан; пратеници во парламентите на Романија, Шведска, Финска, Естонија, Хрватска, Индија и др, стои во соопштението
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.