Денеска премиерот Димитар Ковачевски рече дека не може политичка борба во соседна држава, земја-членка на ЕУ и популистичко-националистички реторики да бидат пречка за зачленување на држава која има четири последователни позитивни извештаи за почнување на првата меѓувладина конференција. Одговорајќи на новинарски прашања, Ковачевски уште еднаш нагласи дека како земја имаме јасна цел за членство во ЕУ, а во таа насока, потенцира, и како држава и како народ направивме многу во изминатите 30 години, особено по добивањето на кандидатскиот статус.
Поучен од досегашните прекршени ветувања од македонската влада во однос на преговорите, новинарот Зоран Ивановски вели дека тенка е линијата до велепредавство.
Ако некој од нашиве сепак се окуражи и потпише бугарските барања да влезат во преговарачката рамка со ЕУ, потпишал велепредавство, смета новинарот Зоран Ивановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.