Љубчо Георгиевски повторно ја тресе јавноста. Овој пат тој со историски анализи излезе на својот фејсбук профил.

Зошто не го го славиме востанието во Одринско, седмиот востанички округ на Тморо е јасно но не вистинито. Бидејки во Одринско се чисти Бугари треба да признаеме дека заедно сме се бореле иако сите ти се лојални на Централниот комитиет а нивниот лидер Михаил Герџиков е прв приател на Гоце и на Јане.

Но по инересно е зошто не го славиме востанието на Серскиот округ кое почнува на Крстовден???

На 1 септември 1903 во селото Пирин се собираат над 700 комити и пред сите Сандански се помирува со претседателот на Врховниот комитет генералот Цончев за заедничка борба. И не само тоа Сандански му дозволува да биде командант на востаничкиот штаб и им дозволува на сите врховистички војводи да бидат команданти на неговите комити????

И како после да не го скратиш Илинденското востание на десет дена!?“, напиша тој на фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.