Изјавата на португалски премиер дека „ЕУ не е во состојба да прима нови членки и оти тоа треба отворено да им го каже на земјите кандидати“ не треба да биде изненадување за никого.

На вистината треба да и се погледне во очи колку и да е сурова.ЕУ не сака проширување, посебно не од Балканот од кого на обичните европски граѓани им се крева косата.

Декларативните изјави на европските бирократи дека местото на регионот е во ЕУ“ се декларативни и мачкање очи колку да го држат еврооптимизмот кај земјите за да не запрат со рефорите кои ни се потребни за себе а не за Брисел.

Ова изјава на Антонио Коста можеше да се насети откако ниту еден европски челник не сакаше да потврди дека до 2030 година регионот треба да стане дел од ЕУ.

Сега е повеќе од јасно дека не 20230 туку можеби никогаш нема да станеме дел од ваква Унија. Можеби местото на земјите од регионот е во некоја втора лига на ЕУ, како и таа да се нарекува, идеја што отворено ја залага претседателот на Франција Макрон.

Оваа изјава најмногу треба да делува отрeзнувачки за власта во Скопје која за да почне преговори е подготвена на секакви отстапки кон Бугарија.

Најновото барање од Софија е да ги внесеме Бугарите во македонскиот устав иако нема никакви гаранции дека тоа ќе биде последно барање и дека потоа нема да има ново и ново.

Затоа, евро оптимизмот мора да биде стишан на разумни граници. Да, Македонија треба да почне преговори, но најпрво за себе, а не за да задоволува нечии „хирови“.

Што се однесува до Португалија, таа никогаш не била на страната на Македонија. Пред неколку месеци токму португалската министерка за Европа Ана Паула Закаријас даде контроверзна изјава во која за „јазикот на Македонија“ рече дека низ историјата бил дел од бугарскиот јазик.

Во сеќавањето ни е и 1992 година и познатата Лисабонска декларација

Со тогашната Европската економска заедница претседаваше Португалија. Тогаш се донесе таа Лисабонска декларација која како услов за признавањето на Република Македонија одреди името на државата да не го содржи зборот „Македонија“.
Во тоа време Македонија имаше прогласено независност но не беше признаена од ниту една земја на ЕЕЗ ниту од Обединетите нации.

Условот на ЕЕЗ делумно и се исполни бидејќи со Времената спогодба со Грција Македонија стана членка на ОН со привремената рефенца „поранешна југословенка Република Македонија.

По се изледа историјата се повторува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.