Силно понижување е исфрлањето на Ковачевски од фотографијата на Петков, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Таквиот чин е директно спротивен на тврдењата на Ковачевски дека дувале нови ветришта на пријателство кое еве гледаме го оддуваа од фотографијата со Петков. Дома се прават пријатели, а пред Светот Ковачевски nе го редат ниту на фотографија. Затоа се должни да одговорат што стои позади ваквото понижување и ваквиот деградирачки однос кон премиерот на Македонија? Прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Вака ли продолжува дијалогот со Бугарија преку понижување на едната страна од учесниците во процесот? И ова ли ќе го премолчи Ковачевски?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.