Досегашната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Ирина Бухова нема повеќе да ја врши функцијата, дознава Фактор. Нејзиниот мандат истекол уште на 5 април годинава, но досега се бараше нејзина замена.
„Одредени структури во Министерството за здравство добија „партиска задача“ да најдат замена, уште во април откако и заврши мандатот“, велат изворите на Фактор.
Бухова за Фактор ја потврди информацијата дека и изјави дека самата побарала да именуваат нов директор.
Уште не се знае кој ќе биде нејзиниот наследник, односно кој ќе биде новиот директор на ДСЗИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.