Новата в.д. директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска доаѓа на оваа позиција од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Скопје. Таму, според биографијата што ја споделија од Владата, таа има повеќегодишно искуство како специјалист по хигиена и здравствена екологија во Одделението за хигиена со здравствена екологија.

„Младеновска воедно е асистент на Медицинскиот факултет при Универзитетот ’Свети Кирил и Методиј‘ каде што е и докторанд. Таа има специјализација по хигиена со здравствена екологија на Катедрата по хигиена со здравствена екологија при Медицинскиот факултет, и завршени постдипломски студии за здравствен менаџмент“, велат од Владата.
Оттаму додаваат дека новата директорка на ДСЗИ е и авторка на повеќе публикации и презентации од областа на јавното здравје и безбедност на храна, како и менаџмент во здравството.

„Во соработка со повеќе меѓународни институции е и активен учесник на повеќе конгреси, обуки и симпозиуми врзани со јавно-здравствена проблематика како и HACCP контролен систем за безбедност во храна“, соопштија од Владата.

Доктор Жаклина Шопова од Клиниката за инфективни болести, пак, смета дека Младеновска е нов директор со „непозната заднина“.

Ново име, нов директор, а позадина непозната!
👉 родители познати активисти на СДС, „препорака“ од Филипче која се реализира експресно и „новото име“ е поставена прво за раководител на секторот за хигиена и здравствена екологија во Центарот за јавно здравје во Скопје, со само 2 год. работно искуство!?
👉 способноста да се земаат дополнителни дневници за нереализирани прекувремени часови, и разрешување од раководител на сектор, се патоказ кон повисока функција!?
Дали можеби немање на соодветен кадар во СДС, е причина некој да се поставува над законите па може така да се однесува: разрешува една директорка која троши државни пари и се назначува друга која изнашла друг начин да троши државни пари!?
Одговор???…
сигурно НЕМА, но #одговорност мора да има, вели Шопова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.