Последните поројни дождови, што врнеа и во текот на ноќта, предизвикаа оштетувања на коритото на Дабнички канал во Прилеп и е направена дупка што е проширена до работ на улицата.
Увид направи Регионалниот центар за управување со кризи од Прилеп, а екипите на јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“ се на теренот да ги санираат штетите на Дабнички канал.
Со механизацијата и нашите екипи го чистиме Дабнички канал од смет. Нема прелевање од каналот, но сметот може да направи проблеми. Создадена е дупка што е проширена до работ со асфалтот до улицата. Ги санираме оштетувањата, го обележуваме местото со што минувачите се предупредени да внимаваат кога се движат во близина, вели Игор Гулабоски директор на „Водовод и канализација“.
Според Гулабоски, нема големи проблеми со Градска река, но поради поројните врнежи, јавното комунално претпријатие денеска ќе интервенира во шест случаи на поплавени подруми на куќи, главно во населбата Тризла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.