Невреме со дожд и силен ветер ја зафати попладнево општина Неготино. Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов за МИА изјави дека според првичните информации, нема поголеми штети.

Едно дрво е уништено од невремето во центарот на градот и веднаш беше пристапено кон расчистување на теренот. Се следи состојбата и ќе се интервенира соодветно, секаде каде што евентуално би имало потреба од општинска поддршка и помош, нагласи тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.