Ванчо Михајлов е историска личност која негативно се доживува кај Македонците поради неговите негаторски ставови за македонската нација. Именувањето на клубот при бугарскиот културен центар во Битола според него е арогантна и смислена провикација, вели копретседателот на мешовитата историска комисија, Драги Ѓорѓиев во изјава на ТВ Канал 5.
Именувањето на клубот е чин кој е спротивен на пријателство, нема никаква врска со културата и ги минира и последните надежи за пристоен дијалог меѓу двете земји. На овој начин се минираат и сè потивките гласови на разумот од двете страни, но претставува и злоупотреба на културата, како една од ретките сфери на мостови меѓу двата народа, вели Ѓоргиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.