Екс потпретседателот на Владата и пратнеик на СДСМ Фатмир Битиќи не се согласува со партискиот став за интерпелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Тој во изјава за медиумите кои известуваат на албански јазик интерпелација на Левица ја нарече националистичка и ксенофобична и рече дека не може да најде аргументи за да ја поддржи.
За разлика од него, лидерот на СДСМ Венко Филипче рече дека партијата вчера изградила став дека ќе ја поддржи интепрелацијата против Гаши која што ја поднесе Левица.
Претходно, пратениците на ДУИ рекоа дека нема да гласаат за разрешување на Гаши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.