На Извршниот комитет ќе се расправа за новата фаза од блокадата, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кои се следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ по однос на најавената блокада.
Па нели според СДСМ и ДУИ нема блокада, ја совладале блокадата. Јас така знам они велат ја совладале блокадата и нема блокада и Собранието си функционира нормално, ама затоа секаде каде што идат по амбасади коленичат и цимолат дека ВМРО-ДПМНЕ им го блокирало Парламентот. Ако мислат дека ако ние ќе го напуштиме Парламентот е нешто што они најмногу го сакаат Зоран Заев преку Ковачевски и Талат Џафери за да може се да си поминат, она кое што во овој момент е против интересите на народот и граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ го блокира. Ние кажавме се што е за интересот на граѓаните, се што е за интересот на народот, се што е за интересот на Македонија, повисоки плати, повисоки пензии, субвенции за земјоделците, помош за стопанството ќе го поддржиме. Се она кое што цениме дека е спротивно на интересите на народот и граѓаните ќе го блокираме и така ќе се однесуваме во иднина – рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека ИК вечерва ќе одлучи за понатамошните чекори на партијата во однос на активната блокада потенцирајќи дека во партијата ќе се отвори дебата, а како што рече се е на маса, освен напуштање на парламентот.
Вечер ќе имаме ИК. Имаме ние демократска атмосфера на одлучување, треба да отвориме дебата, да може да слушнеме и останатите членови на Извршниот Комитет што ќе кажат и ќе излеземе многу скоро со динамиката на активностите. Но, се е на маса, само не е напуштање на Парламентот, тоа задоволство нема да го има оваа власт, да го напуштиме Парламентот за да можат од Законот за марихуана па наваму се да си поминат – кажа тој.
На прашањето дали следен чекор се можни протести, Мицкоски не ја исклучи можноста.
Да, одговори Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.