Иднината останува на младите, но тоа што загрижува е зголемен број на млади лица кои се почесто се дел од организиран криминал и корупција во регионот, но и во нашата земја.
По тој повод, Секретаријатот и Канцеларијата на координаторот за економски и еколошки активности на ОБСЕ, во соработка со Претседавањето со ОБСЕ на Македонија од 2023 година (ЦИО) и Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОК) денеска организираа конференција на тема „Градење отпорност против организираниот криминал и корупција меѓу младите во Југоисточна Европа”.
Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи во своето обраќање порача дека фокусот мора да остане на младите, бидејќи тие се иднината.
-Мора да останеме посветени и фокусирани на младите, бидејќи иднината останува на нив. Пандемијата, економската криза, сите овие влијанија ја зголемија вклученоста на младите во организираниот криминал. Превенцијата мора да биде највисок приоритет за сите нас, вели Османи.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја истакна важноста од превентивното делување, но и воспоставување заеднички пристап во зајакнувањето на отпорноста на младите кон организираниот криминал и корупција.
-Токму овие две области се клучни за кои ЕК со години дава забелешки и препораки за натамошно делување. При тоа, организираниот криминал и корупција се области во чија што борба и превнција МВР вложува материјални, технички, но и човечки ресурси, истакна Спасовски.
Како што појасни тој, МВР е вклучено во меѓународната соработка, со цел етаблирање и поттикнување на културата на заедничко и посветено делување во ваквите појави.
Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал истакна дека активната улога на младите преку платформи за дијалог, како и нивно вклучување во донесувањето одлуки се од голема важност.
ГИ-ТОК е активно вклучен во Западен Балкан, преку низа активности. Фатјона Мејдини, директорка на опсерваторијата на недозволени економии во југоисточна Европа, ГИ-ТОК потенцираше дека организираниот криминал и корупција се главната причина за тоа што младите ги напуштаат државите од Западен Балкан.
Овој настан овозможува да се слушнат предизвиците на младите и како тие можат да бидат активно вклучени во донесувањето на важните одлуки што ги засегаат и нив, што е и главниот заклучок од денешната конференција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.