Ниту владиниот коалициски партнер ПЦЕР не е задоволен од пописот. Претседателот на ромската партија Самка Ибраимовски најави нов попис кој од куќа на куќа ке го спроведат Ромите во Македонија.

Овој попис е срамота и ние не го признаваме и тој што го спровел треба кривично да одговара. Ромите имаат најголем наталитет, а пописните бројки покажуваат дека во нашата држава само умирале, а не се раѓале. Ние ќе се жалиме до странските амбасади, до Брисел и Вашингтон, и наскоро ќе започнема операција во која ќе докажеме дека овој попис е фалисификуван и дека Ромите наместо реално да бидат над 7 проценти како трет по број етникум во државата, се катастрофално оштетени, вели Ибраимовски за Канал 77, за кого целиот попис бил направен со една цел како да се обезбедат и фризираат бројките и потребниот сооднос на застапеност на Албанците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.