Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ се подготвуваат за опозиција, а некои и за Идризово, рече Зекирија Ибраими, генерален секретар на Алтернатива до коалицијата Вреди во вечерашната „Топ тема“.

Тоа што е важно е да се каже дека, ниту тие, ниту кој било во државата не кажува кој е тој дел од Охридскиот рамковен договор што е прекршен, кој член од Уставот е прекршен, кој легитимитет на Албанците е прекршен. Станува збор за „солзи на власт“, бидејќи тие по 22 години власт, не можат да се замислат во опозиција, вели Ибраими.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.