Генералниот секретар на Алтернатива Зеќирија Ибрахими за Слободен печат ја потврди средбата помеѓу Гаши и Заев, но не откри детали. Според Ибрахими средбата секако не била за да ја урнат Владата на Ковачевски, бидејќи таа сама ќе потоне.

Претходно независниот пратеник и поранешен сопартиец на Гаши, Скендер Реџепи на Фејсбук објави фотографија од средбата помеѓу Гаши и Заев во Струмица и праша што побара Гаши од Заев.

Гаши коментирајќи го ручекот со Заев во Струмица рече дека нема ништо чудно во нивната средба и праша зошто го следат службите СДСМ и ДУИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.