Незадоволството од досегашното работење на раководните структури во пензионерската организација е причина за протест кој ќе се одржи утре пред седиштето на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија (СЗПМ), стои во информацијата од пензионерите.

Незадоволството ја достигна својата кулминација со последната манипулацијата при спроведувањето на редовните избори во здруженијата на пензионери во Македонија и во СЗПМ, кога во најголемиот дел случаи незаконски, нелегитимно и нерегуларно беа избрани старите за нови членови во органите и телата за новиот мандатен период. Тоа доведе до формирање Иницијативен одбор и организирање протест пред седиштето на СЗПМ на 28. март 2023 година, во 11 часот, со поставување конкретни барања и спроведување мерки за запирање на ваквиот процес на нечесно работење, на автократско и криминално однесување на поголем број поедици, со злоупотреба на функциите и сомнително трошење на пензионерските пари, стои во информацијата на пензионерите.

На протестот ќе се прочита платформа со заеднички барања на пензионертите од сите здруженија во Републиката и ќе се понудат решенија за излез од проблематичната состојба во пензионерската организација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.