По воздржаноста на владиниот врв на барањето да го коментира францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија и претседателот Стево Пендаровски за „Фокус“ вели дека ќе ја почека финалната верзија, по што ќе го сподели својот став.
Францускиот предлог е во фаза на усогласување меѓу земјите – членки на ЕУ и ние можеме да ја коментираме само неговата финална верзија. Инаку, ставот на претседателот Пендаровски е познат, а тој е дека секое решение на спорот со Бугарија не треба да задира во идентитетот на македонскиот народ што е одамна потврден факт во светот, велат за порталот од кабинетот на претседателот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.