Ненад Јовановиќ, гласниот поддржувач на политиките на владејачката партија СДСМ и на поранешниот лидер Зоран Заев е на списикот на сите договори на дело склучени со општина Тетово за 2021 година. Се работи за вкупно 811 договори на дело.

Општината Тетово денеска го објави списикот. Според него, Јовановиќ месечно добивал 12 илјади денари.

На лицата кои донеле извештај за сработеното, согласно нивниот договор, ќе им бидат исплатени сите преостанати плати кои не беа исплатени како резултат на увидот за овој законски прекршок на претходната власт. На оние пак, кои не испратиле извештај за сработеното, ќе им биде испратено известувањето за враќање на добиените средства од нивните договори во буџетот на општина Тетово. Во спротивно, ќе се соочат со кривични пријави, стои во објавата на страницата на Општината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.