Како по традиција и ова лето чекањето да извадат нови пасоши им задава главоболки на граѓаните на Скопје кои веќе ги испланирале своите годишни одмори, пишува „Вечер прес“, чии читатели, изминатата недела се пожалија дека се обиделе телефонски да закажат термин за добивање на пасоши во редовна постапка, но од Одделот за издавање на патни исправи при МВР во Скопје, им закажале термин за фотографирање дури во август.
Пред неколку дена се јавив во Одделот за пасоши за да закажам термин за да извадам нов пасош во редовна постапка. Од таму ме информираа дека слободен термин за фотографирање е 10 август. Ако го закажам терминот тогаш, значи мојот пасош би бил готов на крајот на август или на почетокот на септември, вели за весникот редовна читателка, која додаде дека поради доцнењето на нејзиниот пасош, веројатно својот летен одмор да ќе го помине во Македонија.
Од МВР нема информација колкав е бројот на граѓани кои аплицирале за пасош во Скопје, но информираат дека во летниот период биле зголемени апликациите за пасоши и поради тоа министерството организирало прием на барања и во сабота.
Министерството за внатрешни работи со цел да им излезе во пресрет на граѓаните, организира прием на барања и во сабота, а граѓаните кои имаат итна и неодложна потреба за патување имаат можност да извадат патна исправа во итна постапка. Исто така напоменуваме дека во согласност со Законот за патни исправи граѓаните можат да направат редовна замена на патната исправа до една година пред истекување на истата, информираат од МВР.
Повеќе на „Вечер.прес“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.