Сопствениците на кучиња и други животни во Македонија за кои е задолжителна патна исправа за патување во странство треба да имаат патни исправи со Cеверна Македонија место Република Македонија.

Сепак ветеринарните амбуланти, кои ги издаваат овие документи немаат добиено известување дали тие што имаат патни исправи за милениците со старото име задолжително треба да ги сменат.

За разлика од проблемите на граѓаните со налепниците НМК, испаѓа дека државата била поорганизирана за патните исправи на кучињата, мачките и останатите животни, па патни исправи за нив со „Cеверна“ се издаваат повеќе години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.