По неполни десет месеци во притвор, Орце Камчев излегува од затворот „Скопје“ во Шутка, дознава „А1он“. Кривичниот совет на Апелација одлучи да ја прифати гаранцијата од скоро 11 милиони евра. Нему му е укинат притворот, но патните исправи му остануваат во суд. Информацијата ја потврдуваат од Апелација. Оттаму посочуваат дека сега, ќе треба да се завршат процедурите за запишување на хипотека, по што, Камчев ќе се брани од слобода во случајот „Плацови на Водно“. Бидејќи Камчев е на лекување во болницата „Систина“, каде ја дочека Новата година, тој практично нема да се врати во затворот, туку директно заминува дома по третманот.
Уважена е жалбата и укината е мерката притвор со прифаќање на гаранција. 10.996.453 евра, дел е во недвижности, дел има и во готовина, велат од Апелација за „А1он“.
„А1он“ исконтактира и со неговиот адвокат Еленко Миланов, кој посочи дека тие поднеле две жалби од кои едната за здравствената состојба на Камчев, а другата била за ослободување со гаранција. Миланов не знаеше во детали да каже од што се состои гаранцијата, но посочи дека дел се недвижнини, а дел готовински средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.