Денес на отворањето на Македонскиот културен клуб во Благоевград, присуствуваше делегација на Демократскиот сојуз во состав, Борче Јакимовски, Владо Кроневски, Јорданчо Теодосиев и Филип Антовски.
Делегацијата даде јасна поддршка за признавање на правата на Македонците, при што имаше средба  со раководството и основачите на Македонскиот културен клуб.
Како што Бугарите во Македонија можат да се здружуваат, да формираат клубови, политички партии, да ги негуваат нивните културни особености, тие права согласно меѓународните и европски конвенции мора да ги имаат и Македонците во Бугарија.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.