Претседателот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов го осудува насилството на протестите врз полицајците.
Тие само си ја вршат работата и си ја сакаат својата татковина. Не заслужија да бидат мавани со камења пред очите на нивните родители, деца или сопруги – рече Ангелов.
Според него, францускиот предлог ваков каков што е неприфатлив.
Јас како поискусен политичар можам да проголтам неколку работи, но со овој предлог ние не добиваме датум за преговори. Покрај тоа што е во одредени делови е понижувачки за нас Македонците, ние нема да добиеме датум, се додека не се случат уставните измени и тешко ќе биде да се обезбеди две-третинско мнозинство. Јас сум против внесување на Бугарите во Уставот затоа што нивната бројка е минорна. Утре може ќе останат овде кај нас 2-3000 Украинци, па може ќе треба и нив да ги внесеме. Ваков каков што е, предлогот треба да биде доработен, но ако ова е конечниот, тој што треба да се отфрли. Негацијата на македонскиот народ и идентитет е присутна и кај бугарскиот народ, кој под влијание на пропагандата се сврте против браќата Македонци – потенцира Ангелов во емисијата „Само вистина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.