Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски во вечерашното интервју во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа, ги објасни трите чекори преку кои ВМРО-ДПМНЕ ги уверува граѓаните дека нема да дозволат како најголема политичка партија да се случи асимилација на Македонија и македонските граѓани со францускиот предлог кој што владата на СДСМ, Ковачевски, Османи и Маричиќ се обидуваат да го протнат по секоја цена.

Николоски рече дека првиот чекор е масовност на протестите и ги повика сите граѓани кои што се двоумат да се приклучат на протестите бидејќи како што рече потребна е народна поддршка.

Планот е едноставен и јасен составен од три чекори. Првиот чекор е масовни протести, мора да продолжат протестите и да се масовни. Многу сум благодарен на сите што излегуваат, ги поканувам да продолжат да излегуваат. Сите оние кои што сакаат да излезат а се двоумат дали да излезат дојдат и да ни се приклучат – рече Николоски.

Вториот чекор е брзи предвремени избори, да ја срушиме оваа влада во следните неколку недели со цел да можат да се случат на есен брзи предвремени избори со цел целиот овој договор да не биде прифатен, потенцираше и додаде дека третиот чекор е уставна блокада, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ јасно стои на ставот дека не прифаќа отворање на македонскиот Устав и внесување на Бугарите во него со што францускиот предлог пропаѓа.

И третиот чекор е блокада на уставните измени, односно без ВМРО-ДПМНЕ нема двотретинско мнозинство, не може да се смени уставот, а доколку има предвремени избори ВМРО-ДПМНЕ ќе има апсолутно мнозинство и воопшто нема да разговараме за промена на Уставот. Тоа се трите чекори за кои ни треба народна поддршка – посочи потпретседателот Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.