📌Хрватската влада ги намали акцизите и маржите на горивата за да им помогне на граѓаните и да ги поевтини бензините.
⚠️Владата на СДСМ/ДУИ продолжува да ги краде граѓаните преку превисоки акцизи❗️
Хрватската влада на седница одржана преку телефонска врска презеде мерки за да го ублажи растот на цените на горивата, кои требаше да достигнат највисока цена вчера.
Намалени се акцизите и утврдена е максималната малопродажна цена. Новите цени на горивата се: дизел 13,08 куни (107.05 денари), бензин 13,50 куни (110.49 денари), син дизел 9,45 куни (77.34 денари) и ќе важат следните две недели.
Да не беа овие мерки, дизелот утре ќе чини 15,80 куни, бензинот 15,78 куни, а синиот дизел 10,87 куни за литар. Со овие мерки дизелот ќе чини 13,08 куни, бензинот 13,50 куни, а синиот дизел 9,49 куни за литар, соопшти хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на прес-конференција по седницата.
Хрватската влада донела две уредби: уредба за промена на акцизата за енергија и електрична енергија и уредба за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати.
Одлучивме дополнително да ги намалиме акцизите за дизелот и бензинот. Вкупното намалување на акцизата сега е 80 липи. Ја намалуваме акцизата на бензинот за дополнителни 40 липи, а сега ги намалуваме акцизите на дизел горивото за 20 липи. На овој начин ќе се донесе максимална заштеда за граѓаните, рече премиерот, нагласувајќи дека оваа уредба ќе важи 30 дена кога ќе се преиспита.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.