Хрватската Влада, на седница донесе одлука да донира вакцини против Ковид-19 во Македонија и државите на кои, според проценката на механизмот Ковакс, им е најпотребна.

Од вакцината на „Фајзер“, 87.750 дози се донација за Македонија, а 734.400 дози во државите според проценката на механизмот Ковакс.

Во одлуката не е наведено кому се донираат вакцините преку Ковакс, но според извештајот на Министерството за здравство испратен до хрватската Влада на 5 октомври, евидентно е дека се работи за донација на вакцината на „Фајзер“ за Мексико.

Хрватска досега донираше 2.467.820 дози вакцини.

До крајот на годината, Хрватска ќе донира уште 45.000 дози вакцини на „Модерна“ и 135.360 дози вакцини „Фајзер“ во Тунис и 794.400 + 31.200 дози вакцини „Џонсон и Џонсон“ во друга земја преку механизмот Ковакс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.