Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска имала средба со амбасадорот на Холандија во земјава Дирк Јан Коп, на која и било предадено известување за обновениот проект „Зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот совет на Република Македонија“, финансиран од Владата на Холандија.

Кабинетот на претседателката на Судскиот совет во соопштение истакнува дека овој проект, кој во мај 2023 беше ставен во мирување, е од особено значење за Советот и дека Дамева му се заблагодарила на амбасадорот Коп за заложбата за негово обновување.

-Претседателката Дамева изрази искрена благодарност за заложбите на амбасадорот Коп и Владата на Кралството Холандија, кои во исклучително краток период го обновија овој клучен проект за Судскиот совет на Република Македонија, а воедно изрази благодарност и за дадената доверба и поддршка. Амбасадорот Коп истакна дека ќе продолжи блиската соработка на Холандската амбасада со Судскиот совет на Република Македонија и посака успешна имплементација на проектните активности, се наведува во соопштениет од Судскиот совет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.