Хеликоптер на македонската Армија денеска принудно слетал во близина на Скопје откако за време на редовна летачка обука во воздухопловниот ВИНГ се појавило предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот. Хеликоптерот слетал кај селата Средно и Долно Коњаре во реонот на Петровец.
Од Армијата информираат дека нема никакви оштетувања на леталото ниту повредени во посадата.
При редовно извршување на летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, следејќи ги безбедносните процедури. поради појава на сигнализациско предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, во време околу 14:30 часот е пристапено кон принудно слетување во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, во реонот на Петровец“, се вели во соопштението од АРМ.
По слетувањето, како што соопштија од Армијата, преземени се сите процедури за обезбедување на местото, сè до утврдување на причината на дефектот и оспособување на хеликоптерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.