Заменик-министерот за одбрана во заминување Башким Хасани побара од вицепремиерот Артан Груби веднаш да поднесе оставка од функцијата по собирот нанезадоволните членови на ДУИ во Чаир.
Во емисијата „200“, Хасани кажа дека повеќе од 2000 граѓани, само од огранокот во Чаир, побарале Груби да си замине.
Да бев како Артан, и да се одржи митинг во мојот огранок како оној во Чаир, немаше да чекам претседателот да ми каже да останам дома или да одам на работа, туку ќе се јавев кај претседателот и ќе му кажев, во твој интерес и во интерес на партијата останувам дома. Ако на огранокот на Чаир му треба помош или поддршка нека ми се јават, од денеска не сум прв вицепремиер. Ако над 2.000 граѓани од вашиот огранок се соберат и ти бараат оставка, треба да заминеш, вели Башким Хасани во емисијата „200“ на Алсат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.