Бугарија ја призна Македонија како независна, но ние ги заборавивме нивните тврдења зошто ја признаа Македонија, вели Мухамед Халили, претседател на Советот на амбасадорите во интервју за Макфакс.
– Нивниот тогашен премиер се изјаснил: „Ние ја признаваме Македонија како втора бугарска држава“ и таа негова констатација ние не ја зедовме здраво за готово. И според мемоарите на Глигоров, самиот тогашен премиер Георгиевски со радост ја примил веста, но рекол дека проблемот со јазикот и нацијата ќе го решат историјата и историчарите. За жал, многу време помина од тогаш, ниту историјата ниту политиката не го решила тој проблем, вели Халили.
Анализирајќи ги најновите случувања во врска со македонско-бугарските односи, Халили оценува дека Бугарија погрешила и дека е свесна за тоа.
„Сега сака да ја покрие својата грешка. Овој проблем излезе на виделина кога Бугарија пред светот сакаше да ја пласира тезата: да, држава Македонија постои, но не постојат македонски народ и македонски јазик. Бидејќи нивната теза не беше прифатена, тие го променија мислењето и западнаа во замка, па сега велат, ние се бориме за правата на бугарското малцинство кое живее во Македонија“.
За инцидентот со претепаниот Пендиков и за реакцијата на шефот на државата, Халили оценува дека Пендаровски требало да почека со реакцијата.
„Проблемот е многу деликатен, тој се наоѓал пред една дилема дали да реагира или да не реагира. Но, секоја реакција, каде што минското поле не е расчистено, има ризик да паднеш на мина. Според мене, подобро ќе беше да чекаше да заврши процесот на полициско-судските постапки, па кога ќе имавме јасна слика на овие институции, тој да реагира“.
Оценува дека Османи успешно се справува во проблемот со Бугарија.
„Некои му наоѓаат мана зошто тој е Албанец и се грижи за еден проблем, кој е типично етнички“.
Дали ЕУ има исти аршини во односот со Бугарија и Македонија, дали има причина да стравуваме дека 4 февруари може да биде настан од висок ризик, за Џамбаски, за македонската дипломатија и за кроењето на владината коалиција, во интервју за „Макфакс“.
Видео разговорот на следниот линк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.