Официјалната Фејсбук страница на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е најверојатно хакирана веќе еден месец, но по се изгледа админот не е запознаен со проблемот.

Како што може да се забележи во објавите кои се споделуваат на оваа Фејсбук страница, тие не се од информативен карактер, туку станува збор за кинески видеа кои предизвикаа исмејување и револт кај студентите поради несериозноста за објавените содржини.

Дали е ова нормално со последните десетина постови на пејџот на УКИМ? Знаат ли админите дека им е хакиран? – стои во еден од коментарите.

Последната објава на страницата, а која е поврзана со дејностите на универзитетот е од 3 јуни, а тогаш најверојатно се случил хакерскиот напад и во континуитет се споделуваат видеа, за кои претпоставуваме дека се снимени во Кина.

 

Во нив може да се погледне, како можете да истрижете овца, девојка која лепи плочки, како и совети кои може да ви помогнат во домаќинството.

Засега нема реакција од страна на УКИМ, а се очекува да се види дали ќе успеат админите да ја повратат страната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.