Смешно е и несфатливо министри јавно да признаат дека биле излажани од колега министер. Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини за „Алфа“ коментира дека е невозможно министрите да не знаат за што гласаат, особено кога станува збор за случај кој што е толку актуелен и кој предизвика толкав револт кај населението.

Тоа се смешни изговори. Точно е дека сите министри на членови не се заинтересирани за сите точки, но оваа точка не е непозната, не е непознат проблем за да не знаат. Министерката од вчера ли дознала за проблемот за загудување. Тие работи не се убедливи, нормално е дека таму има мешање на други интереси, ништо не е ненормално и неморално, вели Хајредини.

За Ковачевски коментира:

До вчера не му било јасно на Ковачевски кој секој ден се фали дека работи во интерес на народот, па дури вчера да рече јас сум на страна на народот. Дали ги излажал или не, тоа и не е толку битно бидејќи тој лаже секој ден. Не лаже нас три години дека паѓаат цените ништо не ме чуди.

Ваквото правдање на министрите дека не знаеле што минало на седница на влада, доколку е вистина, го отвара и прашањето дали е можно во минатото да се случувале слични ситуации. Односно некој од министрите да си турка проект, кој минал на влада, а за тоа другите министри и премиерот да не знаат за што станува збор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.