По кавгата со новинарите за изградбата на коридорите 8 и 10 по потпишувањето на договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, вицепремиерот Артан Груби доби прашање каква порака сака да испрати со вратоврската што ја носи, која новинарот што го праша ја оцени како милитантна, објави „Макфакс“.

Вицепремиерот како одговор од говорницата во мултимедија-центарот во Владата ја крена ногата за да ги покаже чорапите.

Груби на прес-конференцијата ја оправда и вчерашната антистрес-забава во неговата канцеларија со објаснување дека сите амбасадори што дошле кај него шутирале. Рече дека тој е спортски тип и не игра центар, туку дрибла.

видео: Макфакс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.