На социјалните мрежи не стивнуваат реакциите и шеговитите коментари за првиот вицепремиер, Артан груби, кој на свеченоста по повод почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар кој е дел од Коридорот 8, се облече со блуза на која беше испишан бројот 8.

Една од фотографиите кои станаа вирални и добиваат огромен број коментари, е онаа на која Груби е претставен во друштво на некои од најдобрите фудбалери во историјата, а кои го носеа бројот 8 на своите дресови. Заеднпо со фотографијата се коментира дека тие беа и едни од најскапо платените фудбалери.

Во друштво на Груби, меѓу најскапо платените „осумки“ се Френк Лампард, фудбалски тренер и поранешен фудбалер кој настапувше како играч од средниот ред за неколку англиски клубови од Премиер лигата, но најголем печат остави во Челси, шпанскиот репрезентативец Андрес Иниестакој го носеше бројот 8 во дресот на Барселона, а тука е и Стивен Џерард, англискиот реперзентативец кој долги години беше дел клубот на Ливерпул.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.