Д-р Нико Беќаровски, во јавноста важи за човек кој секогаш искрено и јавно ги пишува своите ставови за разни општествени теми.

Овој пат, д-р Беќаровски реагира за зголемувањето на платите на функционерите.

Бруто платите на американските конгресмени и сенатори се 174.000 $ годишно. Просечната бруто плата исплатена на докторите специјалисти во САД е 234.000 $ годишно за специјалистите по јавно здравје до 554.000 за пластичните хирурзи. Од денес нето платата на македонските парламентарци без патни трошоци, без пресметан стаж, без дневници за патување итн е само 110.000 денари. Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во македонското здравство“, пишува д-р Беќаровски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.