Најблискиот соработник на Ахмети, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби нема да бара апанажа и се враќа назад на своето старо работно место – Тетовскиот универзитет каде предава на факултетот за новинарство.
На клиника, поточна на дигестивна хирургија се враќа и Бујар Османи додека неговите колеги од ДУИ, Бесими и Бектеши засега не се одлучиле дали ќе побараат апанажа. На исто мислење е и поранешниот министер Кренар Лога додека Азир Алиу вели дека ќе се врати во приватниот информатички сектор,
Досега само Јетон Шаќири побарал апанажа од причини како што вели тој на министерското место дошол од позицијата директор на „Водовод“ – Струга, бидејќи директорската функција не може да се стави во мирување, Шаќири вели дека нема старо работно место и затоа побарал апанажа.
Од поранешните функционери во Владата на Ковачевски апанажа побарал само Бојан Маричиќ кој вели дека останал без работа откако си дал отказ од работното место пред да влезе во Владата.
Ексвицепремиерката за добро владеење Славица Грковска веќе се вратила на старото работно место во МВР , како и ексминистерката за животна средина Каја Шукова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.