– Со директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски имавме голем напредок во врска со проверката на големиот број државјанства во Агенцијата, но со новата администрација очекувам ова прашање да биде приоритетно, порача денеска вицепремиерот Артан Груби по одбележувањето на годишнината на АНБ во Клубот на пратениците, за која манифестацијата беше затворена за јавноста.

Тоа е сериозен проблем со којшто се соочуваме веќе години наназад заради наследени проблеми. Јас сум имал неколку средби со директорот на Агенцијата за национална безбедност по однос на ова прашање. Сме имале напредок, голем напредок, затоа што има голем застој во случаите од претходната администрација. Но, како што веќе знаете дека сегашниот директор веќе е назначен за амбасадор на нашата земја во Франција и сметам дека со новата администрација во Агенцијата прашање ќе биде едно од приоритетните со кое што треба да се соочиме и да го решаваме, истакна Груби.

Одбележувањето на годишнината на АНБ беше најавено од вицепремиерот Артан Груби, а на настанот присуствуваа министри, генерали, јавни обвинители, судии и други…

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.